Сончево и многу топло, максималната температура до 40 степени

park_lugje_toplo-vreme
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. UV=9







Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Продолжува периодот на сончево и многу топло време, освен во недела кога во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C. Од четврток до средината на следната седмица на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK