Сојуз на средношколци: Нашите предлози за менталното здравје се прифатени од МОН и преточени во препораките на Владата

sojuz-na-srednoshkolci
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сојузот на средношколци ги поздравува препораките на Владата и тоа што четири негови предлог-мерки за подобрување на состојбата со менталното здравје на средношколците се прифатени од Министерството за образование и наука и се преточени во деветтата и десеттата препорака.







Станува збор за укажувањето на секое училиште да обезбеди просторни услови за стручните соработници со цел да бидат отворени за ученици и, доколку имаат потреба, учениците да можат да закажат и тет-а-тет средба со својот училиштен психолог. Исто така, МОН заедно со стручните соработници од основните и средните училишта, претставници на Сојузот на средношколци, универзитетски професори, Бирото за развој на образованието и Државниот просветен инспекторат ќе формира работна група која ќе креира протоколи за соодветна работа при обезбедување поддршка за психосоцијално и ментално здравје на учениците.

-Создавањето протокол за дефинирање на новиот модел на работа на училишните психолози, односно тие да остваруваат тет-а-тет средби со учениците наместо да вршат административна работа е заложба на Сојузот на средношколци уште од мај 2021 година. Оттука, Сојузот позитивно реагира на одлуката за отпочнување процес оваа наша визија да стане реалност. Исто така, втората препорака на Владата предвидува создавање општински совети за превенција на детско престапништво преку локалните самоуправи и Државниот совет за превенција на детско престапништво. Во препораката јасно е наведено дека е потребно вклучување на Сојузот на средношколци во овие совети. Ние нотираме дека дел од општините тоа веќе го имаат направено, а имаат и вклучено претставници од Сојузот за членови во овие тела, наведува Сојузот на средношколци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK