Собранието го донесе Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка.
Од Министерството за правда информираа дека целта е да се овозможи брза и ефикасна постапка во која конфискуваниот имот со правосилна судска одлука успешно ќе се продаде и ќе се овозможи враќање на криминално стекнатите средства и имот.
„Успешната конфискација означува успешно завршување и заокружување на претходно водените постапки пред јавните обвинителства, пред другите органи и пред судовите“, велат од Министерството.
Со новото законско решение, како што се додава, се надминуваат утврдените проблеми, преку воведување на нови механизми согласно европските и меѓународните стандарди за постапување со оваа материја.