Со стари кадри на Мицкоски како носители на листите, ДПМНЕ на граѓаните им нуди враќање во минатото, велат од СДСМ

sdsm-sedishte-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ДПМНЕ уште еднаш потврди дека не може да донесе никаква промена, велат од СДСМ.



„По Гордана Силјановска Давкова, како кандидат на ДПМНЕ за претседател на државата, која на минатите изборите загуби од Пендаровски, ДПМНЕ излегува со проверени кадри на режмот на Груевски, како Николоски, Мисајловски, Ковачки, за носители на листите.  Се потврди дека ДПМНЕ нема ни кадровска, ни програмска понуда. Со стари кадри на Мицкоски како носители на листите, ДПМНЕ на граѓаните им нуди враќање назад во минатото, во изолација, далеку од членство во ЕУ и напредок“, дополнуваат од СДСМ.

Според нив, граѓаните сакаат јасна визија за иднината, визија која носи надеж, напредок, развој и европски животен стандард.

„Затоа на претстојните избори ќе ја дадат својата поддршка за СДСМ, бидејќи сакаат Македонија да биде рамноправна просперитетна членка на ЕУ, а не изолирана и затворена држава без надеж за подобро утре“, завршуваат од СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK