Со солзи во очите Зеќири ги даде завршните зборови пред судот: 593 дена трае мојата агонија, на сопругата и беше дијагностицирана тешка болест

Со-солзи-во-очите-Зеќири-ги-даде-завршните-зборови-пред.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Екс генералниот секретар во Владата, Мухамед Зеќири денеска ги даде завршните зборови пред судот.


Со солзи во очите Зеќири кажа дека 593 денови трае неговата лична драма, додека неговиот живот се превртел на глава.

„На почетокот на годината ненадејно почина мојот помал брат, оставајќи зад себе 3 малолетни деца, а кратко потоа на мојата сопруга, како што е документирано во судот ѝ беше дијагностицирана тешка болест. Нејзиното лекување трае веќе 9 месеци, се уште не е завршено и не знаеме колку ќе трае и како ќе заврши. 593 дена откако бев стигматизиран во јавноста, не сум имал можност да заработам приходи за да им помагам на 4 деца, 3 мои и едно од претходниот брак на сопругата. Во овој период сите материјални обврски паѓаат на товар на родителите на сопругата, кои од странство дојдоа во Скопје за да ја превземат грижата за нас и обвинителството парадоксално ги користеше како главен аргумент за продолжување на мојот притвор, посочувајќи дека можат да бидат јатаци, рече Зеќири во неговото емотивно обраќање.

„Судот не треба да дозволи покрај сувото да изгори и суровото, сите аргументи се реална основа за да донесете праведно решение за ослободување од обвинението“, кажа Зеќири.

Според договореното, на денешното рочиште, пресудата за предметот ќе биде објавена следниот петок на 1 декември.

Обвинителството го товари Зеќири дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година, како генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма во вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно биле платени 147.000 евра повеќе од претходно договорените 795.000.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK