Со предложениот закон од ДУИ, казина може да има и во училишните дворови, велат од Левица
„Какви тајни крие овој закон, кој Груби и партијата на зелената агенда сакаат тајно да го прошверцуваат, еднаш со европско знаме и еднаш со сицилијанско знаме. Ние ќе им кажеме стоп, затоа што оваа измама не смее да помине. Односно, Предлог законот на Ахметистите, во член 10, предвидува отстранување на објектите на обложувалниците, но не и на казината, на минимално растојание од 500 метри од објектите на средните и основните училишта. Со предложениот закон, казина може да има и во училишните дворови. Односно Член 10, прави поделба и брои само неколку видови на игри на среќа, оставајќи простор за да процветаат уште повеќе Казина – масакри. Овој член намерно не ги покрива казината, дополнуваат од Левица.
Како што додаваат, Артан Груби наводно ќе затвори неколку обложувалници, за да му отвори пат на бизнисот на казината исклучиво за една екипа на српското подземје
„Значи, да на Русија преку Србија! Уште еднаш повторувам, членот за отстранување на игрите на среќа 500 метри од училиштата, не ги вклучува Казината. Значи тие, не што нема да се намалуваат, туку ќе се множат, со што ќе се зголеми бројот на апарати за да ги одерат уште повеќе граѓаните. Итно бараме од сицилијанскиот клан да тргне рака од масакрирање на нашето население. Итно бараме, не само 500 метри, туку целосно да се отстранат и не само обложувалниците, туку и казината“, посочуваат од Левица.
Според нив, покрај проектот „Казина во секоја уличка“, Артан сега успешно го спроведува проектот казина во секоја куќа давајќи 4 лиценци за онлајн казина на компании каде партнер е Прпарим Бајрами, сега добро позната личност која ги извршува наредбите на кланот.
„Во продолжение ќе ви ги давам податоците за овие 4 новоосновани компании за Казино каде јасно се гледа партнерството. Во секоја од овие 4 компании партнер е марионетата на Артан Груби. Една од овие компании е основана заедно со Казината MOZZART – од Белград. Додека другите 3 компании исто така се со претставници на Бугарското и Црногорското подземје.
Новооснованите компании од марионетата на Артан Груб со подземјето:
1. Државната лотарија – MOZZART – Основана во јануари 2024 година
2. Државната лотарија – VEZUV – Основана во јануари 2024 година
3. Државната лотарија – 77 BITS – Основана во декември 2023 година
Според следните документи, марионетата на Артан Груби и други лица поврзани со ДУИ се официјално партнери во овие бизниси, лиценцирани од Владата за ONLINE КАЗИНО. Те прашуваме јавно, вреди ли целиот овој масакр на народот? Дали ве прави среќен партнерството со Novomatik? Компанија сопственик на Admiral, Astra, Apex, Flamingo, Novo VLT и HLT?“, завршуваат од Левица.