Со новите 4, сега ќе имаме повеќе министерства од Германија, Франција, Финска, Грција

Screenshot-2024-06-08-094220.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со последните законски измени, Македонија ќе има 20 министерства.


На Балканот речиси сите држави имаат повеќе или сличен број на министерства како Германија.

Србија има 21 министер. Во овој број се вклучени и петте вицепремиери кои истовремено раководат и со одделни министерства.

Во словенечката влада има 17 министри. Од нив еден е без ресор.

Хрватската Влада исто така има 17 министерства. Во Владата има четворица потпретседатели од кои тројца се први луѓе на одредени министерства.

Владата на Босна и Херцеговина има 16 министерски позиции.

Во Црна Гора 18 министри и четворица потпретседатели.

Германија со околу 80 милиони жители во федералната Влада има 16 министерства.

Франција има еден министер повеќе, односно 17.

Шпанија брои 22 министри. Меѓу нив се и првиот, вториот и третиот вицепремиер.

Финска има 18 министри, исто толку има и Бугарија.

Грција, пак, има 19 министри, но и пет алтернативни членови на владата.

Со последните законски измени, Македонија ќе има 20 министерства.

Според предлогот, постојат три клучни причини за интервенции во надлежностите на министерствата.

„Прво, во моментов постојат нејаснотии при самата распределба на надлежности помеѓу министерствата, односно не постои јасна линија каде завршуваат ингеренциите на едно а каде започнуваат на друго министерство. Втора причина е што самата алокација на функции и нивното групирање во одредени органи не е рационално, односно постојат случаи каде повеќе несродни области се алоцирани во една институција. И трето, како дополнителен предизвик се јавува тоа што области кои во моментот се стратешки приоритети на државата, претставуваат клучни предизвици или се во фокусот на светската јавност не се соодветно пресликани во институционалната рамка на државата, туку се организациски единици во рамки на одредени министерства“, пишува во законот кој веќе доби поддршка во Собранието.

Не пишува колку пари ќе бидат потребни. Наведено е само дека „има финансиски импликации врз Републичкиот буџет“.

🔴Македонија отсега ќе има 20 министерства, непознато е колку пари ќе се одлеат од Буџетот за оваа намена

🔴Со 88 гласа „за“ Собранието го донесе Законот за реорганизација на министерствата

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK