Со неверување слушаме како СДС се гордее со бугарскиот диктат, а како ќе го промениме ќе видат по 8-ми мај. Бугарскиот диктат кој Македонија го прифати заради слабата власт е најлошата работа која државата некогаш ја прифатила. ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со бугарскиот диктат и тој мора да биде променет, а Македонија да добие подобра позиција, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
– Фрапантно е како една партија може да се гордее со поразите на сопствената држава, па макар таа партија била и СДС. Од друга страна разбираме зошто Каевски излегува и се срами себе, милионите на сметка и имотот очигледно тежат. Нека не се потресуваат во СДС, за Македонија доаѓаат подобри времиња. А тие кои ја уништија државата набргу од сега ќе бидат минато, затоа што со СДС немаме држава, и тоа мора да го промениме – нагласуваат од партијата.