Со 65 гласа „за“ и 3 „против“, Собранието ја изгласа техничката влада

Со-65-гласа-„за-и-3-„против-Собранието-ја-изгласа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Со 65 гласа „за“ и 3 „против“, Собранието денеска ја изгласа техничката влада, по речиси двочасовна пленарна дискусија. За избор на Владата потребно беше просто мнозинство на гласови од вкупниот број на пратеници.

ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за изборот на влада, иако добива дваjca технички министри. Тие обвинија дека ДУИ нема доволно пратеници, ниту број на гласови, за да се избере премиер од нивните редови.

Премиер во преодната влада ќе биде Талат Џафери од ДУИ, кој вчера до Собранието поднесе полн предлог-состав на Владата, вклучувајќи ги и двајцата технички министри од редовите на ВМРО-ДПМНЕ – Панче Тошковски, кој ќе раководи со Министерството за внатрешни работи и Ѓоко Велковски, кој ќе застане на чело на Министерството за труд и социјална политика.

Прв заменик-премиер, ќе биде Бојан Маричиќ, кој исто така останува и вицепремиер за европски прашања.

Мандатарот Џафери во експозето пред пратениците кажа дека прв приоритет на преодната влада ќе биде одржувањето на редовните претседателски избори на 24 април и парламентарни избори на 8 мај, на фер и демократски начин.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK