Со 16 минути молк, солзи во очите, наведнати глави и огромна тага почна собирот во Скопје, по трагедијата со настраданите во пожарот во Кочани.
Молкот од 16 минути, симболично го означи 16 март – датум кој со црни букви ќе остане врежан во колективната меморија, кога се случи пожарот кој однесе 59 животи, а со поврди се здобија 190 луѓе од кои 20 деца.
Собраните носеа транспаренти на кои пишуваше „Не сте сами“, „Лесно запалива држава“, „Немаше да има крв ако се е по закон“.
Повик за собирот вчера упатија од здружението „Кој е следен?“, апелирајќи собраните да носат црни ленти, а протестот да не се одржува по улиците каде поминуваат возила кои ги пренесуваат повредените пациенти.