Повеќе од секоја трета смрт во Македонија во 2025 година била последица на болест на циркулаторниот систем. Според Државниот завод за статистика, оваа група заболувања учествувала со 34 проценти во вкупно 20.287 смртни случаи. Тоа се приближно 6.900 изгубени животи за една година. Бројката ја покажува тежината на срцевите и цереброваскуларните заболувања кај целото население.
а човекот кому му е потребна операција на срце, прашањето е многу лично: колкави се шансите да закрепне и колку долго смее да чека? По повод 29 септември, Светскиот ден на срцето, овие прашања заслужуваат место веднаш до пораките за превенција.
Во мај 2024 година, „Фокус“ објави дека, според документи со кои располагал медиумот за три издвоени месеци од 2023 година, меѓу 31 опериран пациент на Државната кардиохирургија имало 14 починати.
Продолжете со читање на А1он