Претставник на министерството за здравство бил сослушан во скопското обивнителство, а следни на ред се и директорите на хирушките клиники. По собраните искази и докази обвинител ќе процени дали постои основа да поведе постапка и против кого во врска со информациите дека само во три сали во комплексот клиники „Мајка Тереза„ во моментов се извршуваат исклучително итни операции. Останатите сали веќе 7-ми ден се затворени, поради ширеење на непријатна миризба.
Вработените и натаму не знаат кога салите ќе се вратат во функција, а од Министреството за здравство одговор нема.
Пацинетите кои не се третираат како итни слуачи се препраќаат во другите здравствени установи.
Од ВМРО ДПМНЕ денеска на прес конференција обвинија дека не работат ниту лифтовите на клиниката за трауматологија, па велат, пациенти со скршеници, но и оние што одат на контрола или во посета, или треба да одат по скали или да се туркаат со оние лифтови кон операционите сали. И за овие обивнувања се обративме до министерството за здравство но одговор нема.
„Цела недела 4 лифта не работат, ниту двата мали кај влезот, ниту двата кај трауматологија, па пациенти со скршеници, но и оние што одат на контрола или во посета, или треба да одат по скали или да се туркаат со оние лифтови кон операционите сали. Цела недела, од минатата сабота трае проблемот со системот односно цевководот за кислород до операциски сали, цела недела нема испитување што е, што мириса, дали е загадено, дали навистина има јаглерод диоксид“, изјави Наум Стоилковски ВМРО ДПМНЕ.