Ние користевме хемофилтрација за лечење на пациенти во време на КОВИД кризата, изјави доктор Љупчо Стојковски – искусен нефролог и единствен лекар кој во друга приватна болница применувал хемофилтрација. Хемофилтрацијата е одамна познат метод, што се користи во медицината, кој што од нефрологијата се пренесе на сите водечки одделенија за интензивно лекување во земјата.
„Многу ми е позната методата, и ја користам многу одамна пред ковидот. Оваа метода е дел од нефрологијата, но станува дел од лекувањето на тешко болни пациенти на секоја интензивна нега. КОВИД како пандемија беше страшен и сите ние лекарите талкавме за да најдеме лек за да им помогнеме на пациентите и да ги спасуваме нивните животот, додаде Стојковски.
Тој објасни дека процедурата е филтрирање на крвта на пациентот, истата е многу скапа и комплицирана и бара постојана и голема ангажираност од страна на искусен медицински персонал. Многу е поскапа од класично лекување. Главен параметар за што порано вклучување на хемофилтрацијата е клиничката слика на пациентот. Се реагира во рана фаза да не се влоши сликата”, објасни докторот. Во приватната болница каде работел ја користел методата на 32 пациенти каде се извршени 48 хемофилтрации. Кај дел од пациентите помогна и истите се спасија, а кај дел за жал не помогна.
Продолжете со читање на lokalno.mk