Заврши проектот за скрининг на тироидната жлезда кај учениците во деветто одделение во општина Аеродром


Skrining2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Успешно заврши проектот за скрининг на тироидната жлезда кај учениците од деветто оделение во сите основни училишта во општина Аеродром, известуваат од Општината.


„Станува збор за прв ваков скрининг во Македонија, што се спроведе изминатите неколку месеци по иницијатива и од страна на специјалистите во оваа област, д-р Синиша Стојаноски и д-р Невена Маневска.

Огромна благодарност до нив, кои изминтиот период неуморно работеа и ги посетија сите основни училишта, при што извршија скрининг на тироидната жлезда кај тинејџерите, што секако наиде на одобрување и соработка од страна на родителите. За реализацијата на овој обемен проект помогнаа општествено одговорните компании БИ-МЕК и Рагуза Груп.

Општина Аеродром е прва општина во земјава која што спроведе ваков вид превентивни прегледи, за што се надеваме дека ќе прераснат во редовна практика, не само кај нас, туку и во други општини.

Грижата за нашите деца и за нивното здравје е наш врвен приоритет и општина Аеродром останува отворена за соработка со сите кои покажуваат интерес за создавање подобро утре за младите генерации“, се наведува во соопштението на општина Аеродром.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK