Горат сува трева и грмушки покрај автопатот Куманово – Скопје, веднаш по кумановската патарина. Огнот се доближи на само стотина метри до бензинската пумпа на „Макпетрол“ кај Романовце.
Ветерот многу брзо го шири огнот кој им прави проблеми и на возачите кои наеднаш влегуваат во густ чад што го покрива коловозот во двете насоки, намалувајќи ја видливоста. Неколкумина пожарникари штотуку пристигнаа на лице место.
Гори покрај жичаната ограда, а освен чадот и огнот постепено се пробива ширејќи се кон патот.
https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/393126125_6934869466556631_886128418585224952_n.mp4