Веднаш штом ја презедов одговорноста за Скопје, ги завршивме експропријациите што ја кочеа изградбата на клучката „Момин Поток“. Оттогаш работиме со едно темпо и со една цел за скопјани конечно да ја добијат оваа клучна сообраќајна врска, извести градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„На мостот што го изградивме веќе поставуваме асфалт, а го градиме и последниот од петте моста. Едната коловозна лента е веќе асфалтирана. Следуваат асфалтирањето на другата лента, завршниот слој асфалт и изградбата на уште еден кружен тек“, додаде градоначалникот.