Поради изведба на градежни активности за асфалтирање на коловозот со втор слој асфалтна маса на улица „Даме Груев“ во насока на движење од крстосницата со улица „Димитрие Чуповски“ до улица „Македонија“, утре (сабота) во периодот од 8 до 15 часот ќе биде воведен времен режим на сообраќај, информираат ЈП Улици и патишта Скопје.
Времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а поради изведба на градежните активности ќе биде затворена една, а потоа и другата коловозна лента на коловозот.
Од ЈП Улици и патишта Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.