Стефковски: После долги години Брњарци ќе добие водоводен систем во вредност од 7,8 милиони денари

Стефковски-После-долги-години-Брњарци-ќе-добие-водоводен-систем-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бобан Стефковски, градоначалник на општина Гази Баба, заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го посети населеното место Брњарци.


„Денес означуваме почеток на нов водоводен систем за ова населено место, проект кој опфаќа инсталација на нова водоводна мрежа во должина од 2,4 километри. И чија вредност изнесува 7,8 милиони денари. Како локална самоуправа сме посветени на решавање на децениските проблеми на граѓаните, а доказ за тоа е и реализацијата на овој проект со кој што после долги години ова населено место за првпат ќе добие питка вода за пиење“, рече Стефковски.

„Како Општина реализираме и други проекти во повеќе населени места. И интензивно се работи и на асфалтирање на повеќе локални улици во населените места низ општина Гази Баба. Во моментов се работи и на изградбата на последната фаза од фекалната канализација во населеното место Црешево. И за многу скоро од денес секое домаќинство во Црешево ќе биде поврзано на фекална канализација. И можам да најавам уште еден голем проект, а тоа е за неколку дена од сега ќе го отвориме новиот објект кој ќе биде наменет за Дневен центар за деца со посебни потреби. Во наредниот период ќе реализираме и многу други проекти за кои што заедно ќе бидеме сведоци“, изјави градоначалникот на општина Гази Баба.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK