Стефковски: Почнаа градежните активности за спортски терен во Ченто

stefkovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Почнаа градежните активности за новиот спортски терен со современа тартан подлога и нова урбана опрема во населбата Ченто, а во следниот период планираме да асфалтираме повеќе од 40 улици, најави денеска градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

-Општина Гази Баба оваа година првпат во историјата има определено најголем број на финансиски средства и планираме да асфалтираме До сега се асфалтира улици во населените места Брњарци, Булачани, Идризово, Ергеле, Гоце Делчев и Ченто. Во наредниот период продолжуваме да асфалтираме улици во други населени места, изјави денеска Стефковски, кој изврши увид во градежните работи на спортскиот терен.



Тој посочи дека до сега се изградени осум терени со подлога од тартан и еден терен со подлога од вештачка трева, до крајот на годината ќе изградат уште дополнителни три нови спортски терени.

-Во периодот пред нас ќе продолжиме со реализација и на нови проекти. Започнуваме со решавање на деценискиот проблем на жителите на населеното место Брњарци со недостаток на питка вода за пиење, за многу кратко од денес започнуваме со изградба на водоводниот систем за ова населено место. Дополнително започнуваме со изградба на последната фаза од фекалната канализација во населеното место Црешево и секако она што е клучно барање на жителите од Хиподром е тоа што започнуваме со изградба на патната инфраструктура во новата населба Хиподром 2. Дополнително во наредниот период ќе се реализираат и други проекти за кои сите ние заедно ќе бидеме сведоци и ќе ги промовираме и презентираме пред граѓаните, рече Стефковски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој денеска изврши увид во градежните работи во Ченто, посочи дека минимум 9 милиони евра ќе бидат инвестирани од новата влада на ВМРО-ДПМНЕ годишно во проекти кои што општина Гази Баба ќе ги направи, односно повеќе од 36 милиони евра во еден четири годишен мандат.

-Цениме дека на тој начин голем дел од основните потребни на граѓаните во Гази Баба ќе бидат решени. Не ми преостанува ништо друго освен да му честитам на градоначалникот, на советниците во Советот, на вработените во администрацијата, не помалку е значајна улогата на пратениците кои доаѓаат од овде од Гази Баба кои амандмански се борат секогаш во парламентот да обезбедат средства повеќе за да можат да бидат реализирани проекти проектите овде во Гази Баба. Секогаш е задоволство да се биде дел од вакви настани кога можеме да означиме почеток на некоја нова градба или пак да посетиме објект кој што е во тек на градба, рече Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK