Санкционирани 250 непрописно паркирани возила во општина Центар

Санкционирани-250-непрописно-паркирани-возила-во-општина-Центар.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







ЈП Паркинзи на општина Центар и општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје изминатата седмица санкционираа 250 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

„Во периодот од 29.01. до 04.02.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 135 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 115 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, известуваат од ЈП Паркинзи на општина Центар.

Од ЈП ПОЦ и општина Центар велат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на општина Центар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK