Реконструкција на улица 36 во населба Илинден

rekonstrukcija-na-ul-36-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Интензивно се работи на подобрување на патната инфраструктура на територија на Општина Илинден. Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура-изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта отпочнаа градежните активности на улица „36“ во локалната економска зона „Карагач“ во населба Илинден, известува општина Илинден.

Со градежните работи планирано е да се изврши целосна реконструкција на улицата во должина од 680 метри и широчина од 6 метри коловоз. Оваа улица е од големо значење бидејќи претставува главна сообраќајница за локалната економска зона „Карагач“ како и ги поврзува населените места Ајватовци и Бунарџик со населба Илинден.

Од општината велат дека за време на реализација на градежните работи на улицата ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај, кој ќе го спроведува фирмата изведувач на активностите на терен, Филип инжинеринг ДООЕЛ Скопје.

Увид на почетокот на градежните работи изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој се запозна со динамиката и текот на одвивање на активностите, пришто посочи дека реконструкцијата на оваа улица значително ќе ја подобри функционалноста во работењето на стопанските субјекти од локалната економска зона, како и секојдневното функционирање на граѓаните од Општина Илинден.

Целосната инвестиција за реализација на овој проект е со средства од буџетот на Општина Илинден, се додава во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK