Промена на работното време од летно во зимско на зонско паркирање

Промена-на-работното-време-од-летно-во-зимско-на-зонско.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јавното претпријатие „Градски паркинг“- Скопје ги известува сите граѓани дека од 01.10.2023 год. (недела) започнува зимско сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува Ј.П „Градски паркинг“ – Скопје. Работното време во зоните А, Б и Ц ќе биде:



– Од понеделник до петок: од 07:00- 21:00 часот;

– Во сабота: од 07:00- 14:00 часот.

На јавната површина наменета за паркирање зона Д, работното време останува исто, односно:

– Од понеделник до сабота: 07:00- 23:00 часот.

Исто така, од 01.10.2023 се врши промена на работното време и на јавните паркиралишта:

– Нова Македонија, Народен Фронт и АМСМ каде услугата паркирање ќе се овозможи 24/7.

Од Градски паркинг апелираат до корисниците да бидат внимателни и наплатата за паркинг услугата да ја извршат навремено и уредно, во согласност со работното време на паркиралиштата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK