Гори стрниште позади хотелот „Белви“ во скопската населба Илинден, а густиот чад се гледа и од Скопје, информацијата ја потврдуваат и од Центарот за управување со кризи.
Според директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов запалена е трска, а ја гасне екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје.
Чадот, како што информираат5 од ЦУК, кој се гледа од повеќе места во Скопје како и пепелта која паѓа од воздух и може да се забележи во некои скопски населби како на пример Автокоманда и Ново Лисиче, доаѓаат од горењето на трска и ѓубре во каналот кај Арачиново.
Овој пожар, според Ангелов не ги загрозува околните куќи.