Општина Карпош: И годинава ќе има дневен престој за учениците до четврто одделение

belgija-ucilnica.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Карпош информира дека и годинава во основните училишта во Општина Карпош ќе биде организиран дневен престој за учениците до четврто одделение.


„Нашата посветеност и грижа за најмладите карпошани e искрена и континуирана и секогаш во интерес на децата. Тоа до сега многу пати сме го докажале преку различни проекти за доделување на стипендии за талентирани ученици и спортисти, бесплатни ужинки, постојани реконструкции на училишните објекти“, велат од Општината.

Од општина Карпош соопштуваат дека се непријатно изненадени од како што велат „неодговорниот однос на одредени советници“.

„Згрозени сме од нивниот обид преку ширење лаги и шпекулации за наводно укинување на дневниот престој на четвртоодделенците што е апсолутна невистина, да заработат одредени политички поени на сметка на нашите најмлади сограѓани“, се додава во соопштението на општина Карпопш.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK