Општина Аеродром втора година по ред обезбедува часови за бесплатно пливање за првачињата и децата со попреченост

Општина-Аеродром-втора-година-по-ред-обезбедува-часови-за-бесплатно.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

И оваа година низ проектот „Учиме да пливаме“, учениците од прво одделение и дечињата со попреченост во Општина Аеродром имаат можност да ги совладаат техниките и стиловите на пливањето, целосно бесплатно, овозможено со средства од Општина Аеродром. Како дел од проектот, учениците добиваат часови од стручни лица, како и целосна опрема за пливање, информираат од Општина Аеродром.


„Инклузивноста и здравиот начин на живот се важни за нас во Аеродром, а задоволството на родителите и радоста на дечињата се доволна потврда дека со проектот ги рушиме стереотипите на административното работење и грижата за најмладите ја ставаме високо во нашите приоритети“, се истакнува во официјалната информација.

Пливањето, појаснуваат од таму, овозможува тренинг за целото тело и го активира умот, а преку конкретниот проект, освен физичкиот развој, дечињата успеваат за момент да ги оттргнат од секојдневните обврски и дигиталната технологија, стекнувајќи нови спортски и моторички вештини.

Најавуваат дека поддршката за спортот и здравиот живот продолжува и понатаму, со проекти и активности во различни спортски дисциплини.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK