Општина Ѓорче Петров и годинава е покровител во одбележувањето на големиот христијански празник, Богојавление-Водици.
Осветување на водите ќе се одржи традиционално на две места во општина Ѓорче Петров, односно Чесниот крст ќе се положува во водите на реките Лепенец и Вардар.
На р. Лепенец положување на Чесниот крст ќе се одржи во 11 чааот кај последна 22-автобуска станица. Пријавувањето на заинтересираните кои сакаат да учествуваат во чинот е на телефонскиот број 02 20 55595.
На мостот во Хром, манифестацијата е од 12:00 часот, а пријавувањето на заинтересираните граѓани кои сакаат да учествуваат во чинот е во канцелариите на Св.”Петар и Павле”.
Општина Ѓорче Петров ги повикува граѓаните заедно и масовно да го одбележат овој важен ден во христијанството, денот кога Св.Јован Крстител го крстил Господ Исус Христос во реката Јордан.