Ве информираме дека утре, среда (24.05.2023 год), поради државниот празник „Св.Кирил и Методиј“, Денот на сесловенските просветители, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.
Билетарниците и центрите за персонализација нема да работат.
Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, при што од 19 до 19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу.