На 31 декември и 1 јануари, возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред

На-31-декември-и-1-јануари-возилата-од-јавниот-превоз.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ЈСП извести дека во недела, на 31 декември и понеделник на први јануари, возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.


На 1 јануари првите вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред.

Од вторник, втори јануари јавниот превоз ќе продолжи да функционира вообичаено, односно по редуциран делничен зимен ред, кој ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.

Во недела, 31 декември и понеделник, први јануари, сите билетарници и центри за персонализација ќе бидат затворени.

Од вторник, втори јануари сите продажни места продолжуваат со вообичаено работно време.

Во недела, 31 декември жичницата ќе работи од 10 до 17 часот, а во понеделник, први јануари од 11 до 17 часот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK