Покрај проектите во патната и комуналната инфраструктура, ова лето во Аеродром активно се реализираат и нови инвестиции со кои општината ја унапредува локалната образовна инфраструктура. Во пресрет на новата учебна година, тековно се одвиваат градежните активности со кои се овозможуваат современи услови за реализација на наставата за дечињата кои учат во основното училиште „Браќа Миладиновци“.
После долг временски период, се реконструира внатрешноста на училиштето која опфаќа целосна обнова и молерисување на sидовите, реконструкција и поставување нов под, промена на ракофатот за побезбедно движење на учениците низ училишната зграда и поставување ПВЦ профили за поголема енергетска ефикасност на приземниот кат во внатрешноста.
Со завршување на оваа инвестиција, реконструкцијата на фасадата, новото спортско игралиште и новиот атриум кој се наоѓа во задниот дел на училишната зграда, завршува еден важен инвестициски циклус со кој „Браќа Миладиновци“ станува модерно училиште според меѓународните ИБ стандарди.
Училиштата во Општина Аеродром новата учебна година ќе ја започнат подготвени. Со завршување на градежни активности во неколку основно училишта и со сите неопходни материјално технички услови општината и основните училишта ќе обезбедат непречено одвивање на наставата.