Младите од Илинден добија ново мултифункционално игралиште

multifunkcionalno-igralishte-6.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски заедно со учениците од СОСУ „Илинден“ одиграа фудбалски натпревар на новото мултифункционално игралиште во делот кај спортската сала „Гоце Делчев“ во населба Илинден.


Новото мултифункционално игралиште кое е прво од ваков тип во Општина Илинден, се простира на површина од околу 1000 метри квадратни и наменето е за мал фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, поставена е заштитна ограда, поставено лед осветлување, клупи, корпи за отпадоци, партерно уреден простор, со што се добива комплетно нов лик на овој спортски терен во Илинден.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој направи увид на новоизградениот спортски терен истакна дека со изградбата на мултифункционалното игралиште младите од Општина Илинден добија спортски терен граден според високи стандарди, каде можат во спортски дух да го поминуваат слободното време. Тој додаде дека во наредниот период овој спортски комплекс ќе добие атлетска патека и трибина.

Градоначалникот Георгиевски во консултација со семејството предложи овој спортски комплекс по неговоро финално завршување со останатите содржини да го носи името на прерано загинатиот бранител од Илинден, Драго Маневски кој го загуби животот во борбените дејствија во 2001 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK