Минатата недела санкционирани 204 непрописно паркирани возила во Општина Центар

Минатата-недела-санкционирани-204-непрописно-паркирани-возила-во-Општина-Центар.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 204 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.


Во периодот од 15.01. до 21.01.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 113 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 91 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK