Изминатата седмица санкционирани 𝟣𝟤𝟤 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар


poc-pajak.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 10.08 до 16.08.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 122 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.


„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, велат од ПОЦ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK