Градоначалничката Данела Арсовска и директорот на Академијата за културна дипломатија од Берлин, Марк Донфрид, денеска потпишаа Меморандум со цел продолжување на соработката по организацијата на Форумот за културна дипломатија, кој се одржува во Скопје, на кој учествуваат поранешни претседатели на држави, министри, претставници од Европскиот парламент, дипломати и академици.
– Во рамки на кандидатурата Скопје Европска престолнина на културата 2028, за нас претставува особена чест што Скопје е домаќин на реномираниот меѓународен Форум за културна дипломатија 2023, како уште една одлична можност за афирмација за потенцијалот на нашиот град, во чие богато културно историско наследство ќе уживаат над 50 истакнати меѓународни делегати и дипломати – истакна Арсовска.
На потпишувањето присуствуваа и Карл Ерик Норман, генерален секретар на Европскиот Културен Парламент, Хасан Диаб поранешен премиер на Либан и Ули Брукнер, професор на Универзитетот Станфорд, со што се отвараат нови можности за заедничка соработка, размена на знаења и проекти со фокус на дипломатијата, образованието и културата.