Град Скопје започна со изградба на новопроектираната улица 1 во Карпош

Град-Скопје-започна-со-изградба-на-новопроектираната-улица-1-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска со екипи од Секторот за планирање и уредување на просторот на Град Скопје и јавното претпријатие Улици и патишта, денеска извршија увид во почетокот на градежните работи на изградбата на новопроектираната улица 1 во населеното место Криви Дол во општина Карпош.


– Денеска отпочнуваме со изградба на една од двете новопроектирани улици во ова населено место, улицата 1. Потребата за изградбата на овие улици произлезе поради изградбата на новиот кружен тек помеѓу булевар „8 Септември“ и улица „Скупи“, како и изградбата на новата клучка кај Момин Поток. Со нивната изградба ќе се овозможи промена на постоечкиот сообраќаен режим за обезбедување сигурност за учесниците во сообраќајот. Со оневозможување на движење со моторни возила по пешачка и вело патека и диво приклучување на ул.Скупи и на бул. „Никола Карев“, ќе се превенира загрозување на пешаците и велосипедистите и овозможи нивно безбедно движење. Со изградбата на новата улица на жителите на Криви Дол ќе се обезбеди сигурен и безбеден пристап на жителите до нивните домови – истакна Арсовска.

Изградбата на новопроектираната улица број 1 се реализира преку меѓуопштинска соработка, а градежните работи на истата ќе ги реализира јавното претпријатие „Улици и патишта“ Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK