Град Скопје го заврши уредувањето на новата паркова површини во општина Аеродром долж булеварот АСНОМ со вкупна површина од 27.000 квадратни метри, со соодветно партерно уредување, тревна површина, садници, летниковци и нова хидрантска мрежа за наводнување. Градоначалничката Данела Арсовска изврши увид во уредувањето на новиот парк и новите пешачки патеки покрај булеварот АСНОМ кои ќе го олеснат пристапот на граѓаните. Паркот го изведоа јавните претпријатија на Град Скопје ЈП Паркови и зеленила и ЈП Улици и патишта, известува Град Скопје.
Како што информираат оттаму, годинава Град Скопје изврши и целосна реконструкција на булеварот АСНОМ од крстосницата со булевар Србија до пристапната улица на Куќата на Фудбалот, со што се овозможува зголемена сигурност и безбедност на учесниците во сообраќајот.
Реконструкцијата на оваа важна сообраќајница е исполнување на уште едно барање на граѓаните и реализација на проектот ветен во програмата „За модерно Скопје“, додаваат од Град Скопје.