Герасимовски: Ја ставаме во функција алатката „Мој буџет“

Герасимовски-Ја-ставаме-во-функција-алатката-„Мој-буџет.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Центар ја става во функција алатката „Мој буџет“ на веб страната на општината преку која граѓаните ќе можат да направат преглед на приходите и расходите во Нацрт-буџетот на Општина Центар за 2024 година и партиципативно да учествуваат во креирање на буџетот за наредната година. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски појаснува дека покрај Буџетските форуми на кои граѓаните предлагаат проекти, општината ја става во функција и оваа алатка со цел да се види мислењето на граѓаните за издвоените средства за одделните ставки како заштита на животна средина, образование, социјална заштита и др.


„За да ја користат алатката „Мој Буџет“ граѓаните можат да одберат некоја од понудените ставки и со едноставно скролање да го изменат буџетот според сопствено видување, а потоа од десната страна со скролање надоле неопходно е да се регистрираат со цел да ги поднесат измените. Секоја измена на буџетските средства може да се движат исклучиво во рамките на Нацрт-буџетот и истиот мора да е балансиран пред да се предаде како предлог. Сметам дека преку оваа алатка граѓаните ќе ја споделат со нас нивната визија за општинските приоритети “, смета Герасимовски.

Алатката „Мој буџет“ граѓаните можат да ја најдат на сајтот на Општина Центар или преку линкот . Со цел отчетност и транспарентност Општина Центар ги вклучува граѓаните во креирањето на буџетот на неколку начини меѓу кој и ставањето во функција на ова алатка. Во понеделник на 18.12.2023 година Општината ги кани сите граѓани да дојдат на Втората сесија од Буџетските форуми за буџетот во 2024 година во ООУ „Киро Глигоров“ од 18 часот. Целта е да се продискутира за предлози и проектите кои ќе го унапредат животот во Центар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK