Дрес од МЗТ Скопје Аеродром за градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс

Дрес-од-МЗТ-Скопје-Аеродром-за-градоначалникот-на-Њујорк-Ерик.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски изминатите неколку денови учествуваше на Светскиот самитот кој се организира во рамки на Мрежата на силни градови, каде членува и Општина Аеродром. Во рамки на учеството тој на градоначалникот на Њујорк кој истовремено е домаќин на настанот му врачи дрес од кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром, извести општината.



Настанот кој е финансиран од страна на Европската унија и Стејт Департментот во Њујорк, на едно место ги собра повеќе од 70 градоначалници на општини и градови. Домаќин на настанот беше градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс кој е голем фан на кошарката. По тој повод од страна на градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски му беше врачен дрес од македонскиот кошаркарски шампион, МЗТ Скопје Аеродром.

Градоначалникот Тимчо Муцунски во својата објава на инстаграм истакна дека дресот на МЗТ Скопје Аеродром треба биде поттик за нови победи и симбол за меѓусебната поддршка и соработка.

„Плаво белата боја на македонскиот шампион ќе биде дел од неговата канцеларија и во духот на спортот и спортските успеси на МЗТ, таа нека биде поттик за идни победи и симбол на меѓусебната соработка, поддршка и пријателство“, истакна Муцунски во објавата.

Муцунски упати и апел до навивачите и љубителите на спортот во сабота во СРЦ Кале да дадат поддршка за МЗТ Скопје Аеродром во финалето од Суперкупот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK