„Добри вибрации – Музика и иновации“ утре на Школка во градскиот парк

muzika-i-inovacii
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Амбасадата на Шведска утре ќе организира настан на Школка во градскиот парк во Скопје насловен „Добри вибрации – Музика и иновации“. Во фокусот ќе бидат шведската музика и иновациите.

-Светските музички хитови на шведски бендови, пејачи, но и продуценти и текстописци ќе ги пренесат Диџеј Васо и познатиот скопски бенд „Бендофф“. Посетителите ќе имаат можност да ја проследат дигиталната изложба „Шведски музички моменти“, а ќе биде поставена и изложба која во фокус ги става иновациите на шведските компании каде посетителите ќе имаат можност и да се запознаат со некои од шведските компании присутни во Северна Македонија, најавија од Амбасадата.


Исто така, на настанот ќе се одржи дискусија со младите, на која на динамичен начин ќе бидат претставени неколку успешни македонски стартапи основани од млади луѓе со инвентивни и иновативни идеи, како и дел од екосистемот на поддршка за младите претприемачи.

Поводот за настанот е одбележување на 500 години независност на Шведска, но и 30 години дипломатски односи со Република Северна Македонија, а е и тековен претседавач со Советот на Европската унија до крајот на јуни. Од неодамна Шведска ја впиша и 7-та евровизиска победа, со што се додаде уште еден музички момент кој повикува на прослава.

Настанот е во организација на Шведската амбасада, во партнерство со Шведскиот институт, со спонзорство од шведската компанија „Дијаверум“ и компанијата „Синпекс“ кој го застапува шведскиот бренд „Хускварна“, и во соработка со шведските компании Поларкејп и Орифлејм.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK