Поради дефект на приклучна цевка ф 1“ на ул. „Костантин Петковиќ“ бр 52, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Костантин Петковиќ“, „Томас Минцер“ и „Тодор Чопов“.
Прекинот со водоснабдувањето, како што информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, ќе биде од 10:30 до завршување на интервенцијата.