Без вода денеска неколку скопски општини

Утре без вода дел од Чаир
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека денеска без вода ќе останат делови од општините Карпош, Гази Баба и Центар.

· Поради отстранување уличен дефект на водоводна мрежа, на улицата Струшка бр. 4, од 09:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Струшка и дел од улицата Јуриј Гагарин во општина Карпош.

· Поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100мм на улицата Камник во општина Гази Баба (по ново улица Љубиша Самарџиќ), од 09:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, вклучително и ресторанот и стрелиштето.

· Поради отстранување внатрешен дефект на водоводна мрежа во комплексот згради „Ист Гејт“ на улицата Беласица бб, од 09:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од наведениот комплекс. Санацијата ќе се врши од страна на приватни фирми.

· Поради изведување на водоводен приклучок на улицата Дане Крапчев бр. 8, од 09:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од улиците: Дане Крапчев, Дебарца и Славка Недиќ во општина Центар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK