Арсовска изврши увид на отпочнувањето на третата фаза на изведба на новата Ботаничка градина во Скопје

Арсовска-изврши-увид-на-отпочнувањето-на-третата-фаза-на-изведба.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалничката Данела Арсовска изврши увид на отпочнувањето на третата фаза на изведба на новата Ботаничка градина во Скопје во рамки на Зоолошката градина, која се простира на 12.600 квадратни метри. Во следната фаза се продолжува со садење на над 4.600 уникатни дрвја и садници, а завршено е и поставувањето нова урбана опрема, видиковци и други содржини за посетителите, како и на хидрантска мрежа и систем за наводнување пред целосно зазеленување на просторот, извести Град Скопје.


„Просторот на Ботаничката градина беше претходно празен и неуреден простор кој сега е природен спој меѓу Зоолошката градина и Градскиот парк, а нејзиното уредување ја збогатува нашата понуда во рамки на кандидатурата на Скопје Европска престолнина на културата 2028 и ново зелено катче за одмор и рекреација на посетителите. Како што најавивме по завршувањето на изведба на проектот, во градината предвидени се прикази на ретки или необични растенија, едукативни часови од ботаничари, хортикултуристи и градинари, како и настани за најмладите генерации”, истакна градоначалничката Арсовска.

Уредувањето на градината е во својата трета фаза, а проектот го изведуваат екипите на јавните претпријатија „Улици и патишта“ и екипите на „Паркови и зеленило“. Во градината се засадуваат автохтони видови растенија кои се природно распространети во Македонија, но ќе има и алохтони видови – растенија донесени однадвор. Се садат воедно и ендемични растенија кои се специфични само за Македонија, се додава во соопштението на Град Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK