Скопје да се врати на скопјани, а Данела Арсовска да поднесе оставка, вели Стефковски

330955687_225890713159172_8232607079024131234_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски се осврна на изборните резултати и побара оставка од градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска, бидејќи како што вели Стефковски тоа е волјата на скопјани.


„Време е Скопје да се врати на скопјани, а Данела Арсовска да поднесе оставка! Кредибилитетот и легитимитетот на секој вршител на јавна функција која се избира на непосредни избори извира и им припаѓа директно на граѓаните, без разлика дали се работи за претседател на држава, пратеник, градоначалник или советник..

Бројките велат дека во 2021 година, Данела Арсовска е избрана за градоначалник на градот Скопје со гласовите на 118.545 скопјани, а на вчерашните избори Данела Арсовска преку нејзината партија во општините Гази Баба, Ѓорче Петров, Бутел, Чаир, Кисела Вода, Аеродром, Центар, Сарај и Шуто Оризари освои вкупно 2584 гласови.

По ваквиот резултат јасно е дека Данела Арсовска го загуби кредибилитетот да продолжи да го води градот Скопје. Скопје му припаѓа на скопјани, а не на Данела Арсовска.

Скопјани вчера и порачаа на Арсовска дека е време да си замине! Затоа ја повикувам Данела Арсовска да поднесе оставка од функцијата градоначалник на градот Скопје, бидејќи тоа е волјата на скопјани. Време е Скопје да се врати на скопјани!“, пишува Стефковски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK