Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот.
„Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои 20 за непочитување на брзината на движење, 13 за возење без возачка дозвола, пет мерки за поминување на црвено светло на затворен семафор, 15 мерки за користење на мобилен телефон“, велат од МВР.
Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.