Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
„На територија на град Скопје изречени се вкупно 172 мерки, меѓу кои 14 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, 13 мерки за некористење на сигурносен појас, 19 санкции за користење мобилен телефон при возење…“, велат од МВР.
Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.