Скопје вечерва е на деветтото место на назагадени градови во светот.
Според податоците кои ги објави AQAir, индексот на квалитетот на воздухот во главниот град во вечерните часови изнесува 162, што укажува на ниво опасно по здравјето. Во исто време, концентрацијата на ситните честички прашина ПМ 2,5, кои продираат длабоко во белите дробови и можат трајно да му наштетат на здравјето, е 15,2 пати поголема од вредноста што ја смета за дозволена Светската здравствена организација (СЗО).
Вечерва Сараево е градот кој се искачи на врвот на листата, над Дака во Бангладеш и индиските Калкута и Делхи.
И покрај тоа што концентрацијата на честичките е далеку над дозволеното, во моментов во Сараево не се на сила мерки поради загадувањето.
Не далеку зад Сараево и Скопје, се и Приштина и Белград, кои според загаденоста вечерва се наоѓаат на 17 и 19 место во светот, укажуваат податоците на AQAir.