Советот на Град Скопје одлучи дека јавното сообраќајно претпријатие нема да ги добие субвенциите со кои треба да подели плати . Од нив, 22 гласаа „за“, а пак 13 гласаа „воздржано“. Ниту еден советник не гласаше „против“.
„За одлуката гласале 22 членови, 13 се против. Констатирам дека одлуката за давање субвенции не е досесена“, кажа Славески.
Од град Скопје велат дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ повторно одлучија да тераат инает со граѓаните.
„Советниците на ВМРО-ДПМНЕ повторно одлучија да ги остават вработените во ЈСП Скопје без плата а граѓаните на градот Скопје без превоз. ВМРО-ДПМНЕ се деструктивна партија која нема слух за потребите на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ во градот Скопје се изживува со луѓето без грам совест и без грам одговорност“, рекоа од град Скопје.
Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска им даде искрена и недвосмислена поддршка на синдикатите за исплата на субвенции на ЈСП за декември. Таа ги повика советниците да ги изгласаат субвенциите за да вработените во ЈСП земат плата.
Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ утрово од 9 часот се повлекоа во двете автобази во Автокоманда и во Ѓорче Петров. Таму од 10:30 часот протестираат и го чекаа исходот од вонредната седница на Советот на Град Скопје на која се расправаше и требаше да се одлучи за исплата на субвенции на ЈСП за декември во износ од 11 милиони евра.