Скопјанец приведен за криумчарење мигранти

Скопјанец-приведен-за-криумчарење-мигранти.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Синоќа на улицата „Димко Најдов“ во Велес, полицијата го приведе А.Е.(34) од Скопје поради криумчарење мигранти.


Околу 21.10 часот на автопатот А1, полициски службеници дале знак за запирање на возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, но тој продолжил со движење и откако се исклучил на регионалниот пат застанал во близина на клучка Караслари и од возилото излегле неколку лица. Набргу, по преземени мерки, биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија, по што бил пронајден возачот и возилото. За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против А.Е. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK