Скандал: директорката на училиштето каде учеше Вања избркала хрватски новинари – „Избришете ги сите фотографии!“

МОН-Длабоко-сочувство-за-загубата-на-Вања-ОУ-„Песталоци-ќе.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Директорката на „Јохан Хајнрих Песталоци“, училиштето каде што учеше Вања, не им дозволила на хрватски репортери да фотографираат и ги избркала од училиштето, иако медиумската екипа имала дозвола од градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, пишува „Јутарњи лист“.


„Ова училиште нема никаква врска со она што се случи и ве молиме напуштете го училиштето. Избришете ги сите фотографии“, им рекла авторитативно таа.

Фотографиите, како што вели порталот, ги избришале и пробале да ѝ објаснат дека во училиштето се дојдени по препорака на градоначалникот. Директорката не сакала да им каже ништо, освен колку време била на функција.

„Порано бев ученик во ова училиште, четири години бев директор, а претходно држев часови за ученици од прво до четврто одделение“, им рекла таа.

Новинарите успеале да поразговараат и со наставничката на Вања, која веднаш ја извести мајката за исчезнувањето.

„Тоа е само мој начин на работа. Едноставно, кога видов дека не е на час, се јавив да видам зошто ја нема“, накратко им рекла таа.

Нејзините очи биле полни со солзи.

„Ова училиште го посетуваат 863 ученици и е подарок од швајцарскиот народ за Македонија откако претходното училиште беше срушено на истото место во разорниот земјотрес на 12 јули 1963 година. Во знак на благодарност го носи името на Јохан Хајнрих. Песталоци, швајцарски педагог и образовен реформатор“, пишува „Јутарњи лист“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK