Силјановска е продолжена рака на Мицкоски и ДПМНЕ, реприза на Иванов, велат од СДСМ

1699431169_СДСМ-Поминаа-2-години-ДПМНЕ-ја-има-најнеспособната-локална-власт.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кандидатката на опозицијата, Гордана Силјановска Давкова е само уште едно лице на ДПМНЕ, продолжена рака на Христијан Мицкоски, велат од СДСМ.


„Во изминатите четири години Силјановска делуваше како пратеник на ДПМНЕ и ги поддржуваше блокадите на македонското Собрание и европскиот пат на земјата. Силјановска покажа и докажа дека е ДПМНЕ, партија која ги негува единствено вредностите на изолација, затвореност и безнадежност. На Македонија не ѝ е потребен претседател кој ќе биде реприза на Ѓорге Иванов, кога шефот на државата беше слеп послушник на партијата и кога не можеше да донесе ниту една одлука без да го крене телефонот за да се јави во Белата палата“, додаваат од СДСМ.

Како што посочуваат оттаму, не смее да се дозволи деструктивните политики на Белата палата да се преселат во претседателскиот кабинет.

„Не смееме да дозволиме ВМРО-МВРО повторно да ја крои нашата судбина и да си поигрува со иднината на нашите деца. Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски. Граѓаните ќе кажат НЕ за изолација и ДА за Европа“, завршуваат од СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK