Сиљановска Давкова со украинската амбасадорка Дир, швајцарската амбасадорка Улман и евроамбасадорот Гир: реафирмирана поддршката за Украина

Foto-1-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими амбасадорката на Украина Лариса Дир, амбасадорката на Швајцарската Конфедерација, Вероник Улман и шефот на делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир.


На средбата Сиљановска Давкова изрази благодарност за поканата упатена од претседателката на Швајцарската Конфедерација, Виола Амхерд, за нејзино учество на Самитот за мир во Украина, што ќе се одржи на 15 и 16 јуни во Швајцарија.

Претседателката оцени дека претстојниот самит претставува добра можност за обезбедување платформа за дијалог за сеопфатен, праведен и траен мир во Украина.

Сиљановска Давкова ја реафирмираше македонската поддршка за Украина по неиспровоцираната и неоправдана воена агресија на Руската Федерација и повика на почитување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност во Украина во меѓународно признатите граници и територијални води.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK